Турски бизнисмен исчезна откако потона неговата јахта во Мраморното Море, покрената потрага

Турските власти се вознемирени од исчезнувањето на бизнисменот Халит Јукај, кој е исчезнат од саботата навечер, кога ја напуштил својата јахта „Грејвулф“ од Ѓалова во југозападна Турција, упатена кон Миконос.

Јахтата на 43-годишниот турски бизнисмен ја пронајде турската крајбрежна стража оштетена и полупотоната кај Проконис (остров во Мраморното Море, покрај Пропонтис).

Турската крајбрежна стража била известена во 23:40 часот во понеделник навечер, а неколку часа подоцна, во вторник во 14:30 часот, екипажот на трговски брод ја известил службата дека забележале остатоци од брод, за кој се покажало дека е „Грејвулф“ од Јукај.

Нуркачи, хеликоптер и бродови на крајбрежната стража учествувале во потрагата по турскиот бизнисмен, но без никакви резултати.

https://x.com/mynet/status/1952823312330928574?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1952823312330928574%7Ctwgr%5E06e102ad659fede51a72c742c36158b80d63179a%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.slobodenpecat.mk%2Fvideo-turski-biznismen-ischezna-otkako-potona-negovata-jahta-vo-mramornoto-more-pokrenata-potraga%2F

Пронајдете не на следниве мрежи: