Убиството на Орхан Бајрами – Оки било најавено на Тик-Ток!
Закани за убиство добивал и самиот Орхан Бајрами – Оки па затоа и патувал во Грција. Последната највата е јавна и тоа на друштвената мрежа Тик-Ток. Истрагата на 4NEWS.mk покажува дека профил со име „tmeriii0101“ уште вчера објавил видео во кое се гледа дека на фотографијата пишува дека Оки е следен на листата. Вчера попладне е објавено е ново видео, на кое пак се гледа дека работата со Оки е завршена, па сега на листа се други двајца.
Профилот не е нов. А најавувал и други убиства. Има содржина поврзана со убиството во Косово, но и тоа во Шиша бар во старата скопска чаршија.
Грчките власти испитуваат дали убиството е резултат на пресметка или се работи за крвна одмзада.
Според новата најава од пред неколку часа, на листата за следни има уште две лица.
Тамошните медиуми јавуваат дека две маскирани лица кои се возеле на мотор, отвориле оган врз двајца македонски државјани.
Од македонското МНР информираат дека веднаш по информациите за убиството Амбасадата во Атина стапила во контакт со полицијата во Солун.
-Двајцата биле однесени во општата болница на Халкидики, каде едниот им подлегнал на повредите, додека другиот поради тежината на повредите е транспортиран во друга болница, во Полигирос. Според информациите на Aмбасадатa, на местото на настанот моментално се наоѓаат повеќе тимови на грчката полиција и работат на расчистување на околностите на настанот, соопштија од МНР.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.