Украдени над 550 килограми марихуана од фабрика во тетовско!

МВР информира дека синоќа околу 23:00 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека во фабрика за марихуана за медицински цели во атар на с. Чегране, Гостиварско, три лица физички нападнале вработен како обезбедување и му одзеле пари и лични предмети, по што со закана со пиштол го затвориле во една просторија.

Груевски: Си велам да „утепам“ саат и кусур за Ковачевски и се откажав – за жал, за некои болести нема лек
Никола Груевски со статус на социјалните мрежи. Ви го пренесуваме во целост: “ШТО ЈЕ ГЛАВА ПРАЗНИЈА, ТО ЈЕ БЕЗОБРАЗНИЈА”“БЛАГО ОНОМ КО РАНО ПОЛУДИ, ПА МУ ЖИВОТ ПРОЂЕ У …
Сакате да го подобрите вашиот сексуален живот? Јадете пет најдобри намирници за да го зголемите вашето либидо
Понекогаш на паровите им е потребна помош за зголемување на возбудата и страста во креветот. Можете да го направите тоа со вклучување на корисна храна во вашата исхрана.Докторот …

Според пријавеното, откако си заминале, тој излегол и забележал дека капијата од фабриката била отворена и дека две врати од внатрешниот дел биле искршени.

Во консултација и координација со јавен обвинител, увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар и било утврдено дека од внатрешноста на објектот лицата одзеле 41 вреќа со вкупно 552,85 килограми марихуана.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.