Украина го суспендираше транзитот на руска нафта за Унгарија, Чешка и Словачка

Рускиот нафтоводен гигант Транснефт потврди во вторникот во соопштение дека Укртранснафта, компанија која обезбедува услуги за транспорт на нафта преку Украина, ја прекина испораката на нафта преку јужната рута на нафтоводот Дружба до Унгарија, Чешка и Словачка, пренесува Спутник.

Украина го суспендираше транзитот на руска нафта за Унгарија, Чешка и Словачка

Игор Демин, помошник на претседателот на Транснефт, за Спутник вели дека „Укртранснафта навистина целосно ја прекина испораката на нафта во трите споменати земји на 4 август во 6:10 часот“.

Истовремено, тој додаде дека продолжува транзитот преку Белорусија кон Полска и Германија.

Демин, исто така, рече дека украинската страна обезбедува услуги под услов целосно авансно плаќање.

-Но, при плаќање за транзит низ територијата на Украина, средствата беа вратени на сметката на PJSC Transneft. „Газпромбанк“, која врши плаќања, не извести дека исплатата е вратена поради регулативите на ЕУ, односно седмиот пакет санкции, изјави претставник на Транснефт.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.