УКРАИНСКАТА АРМИЈА ТВРДИ ДЕКА ОД ПОЧЕТОКОТ НА ВОЈНАТА УБИЕНИ СЕ НАД 43.000 РУСКИ ВОЈНИЦИ

Генералштабот на украинската армија денеска објави дека од почетокот на војната во Украина загинале 43.200 руски војници.

УКРАИНСКАТА АРМИЈА ТВРДИ ДЕКА ОД ПОЧЕТОКОТ НА ВОЈНАТА УБИЕНИ СЕ НАД 43.000 РУСКИ ВОЈНИЦИ

Украинската армија соопшти и дека руските сили најголеми загуби претрпеле вчера во Доњецк, но не наведе детали за жртвите.

Украинските сили уништија 233 руски авиони, 193 хеликоптери, 1.849 тенкови, 4.108 оклопни возила, 778 беспилотни летала, 3.021 возило и тенкови и 15 воени бродови/чамци, се посочува во соопштението на украинскиот Генералштаб.

Исто така се истакнува дека украинските сили уништиле 975 артилериски системи, 261 повеќецевни ракетни системи и 136 противвоздушни системи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.