Уметност на чинијата: Туна-стек

За целосно гастро-доживување, покрај примамливите вкусови и мириси, потребно е да ужива и нашето сетило за вид.
Потребно е: (за четири лица) килограм туна-стек
Приготвување: потребно е туна-стекот три до пет дена да одлежи во маринада, на температура од два степена. Маринадата се прави од маслиново и сончогледово масло, морска сол, сок од лимон, лајм и од портокал. Пред употреба, стекот се сече на шницли, кои се печат на врела тава или на скара.
Прилогот е сочинет од зеленчук: бланширана боранија, рендан морков и варен бел ориз. Се сервира и маринада од маслиново масло, лук и малку маслинки.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.