Додека министерката за правда Рената Тренеска Десковска го подготвува и веројатно денес ќе го испрати во Будимпешта барањето за екстрадиција на поранешниот премиер унгарски медиуми тврдат, додуша неофицијално, дека Груевски веќе добил азил во Унгарија.
„Дел од материјалите се преведени, дел ќе бидат накнадно испратени. Ќе бидат опфатени сите истражни и предистражни постапки, сите ќе бидат основ за утре доколку се екстрадира да може да се гони“, рече Дескоска.
Но, како што пишува провладиниот весник „Маѓар Идок“, а утрово пренесуваат повеќе онлајн портали, унгарските власти вчера донеле одлука за барањето на македонскиот премиер. Со оглед на брзината со која е донесена одлуката, тешко е да се верува дека барањето на Груевски е одбиено. Засега на ваквата информација нема официјална потврда, но споменатиот весник важи за добро информиран гласноговорник на владините политики.
Пронајдете не на следниве мрежи:


