УНЕСКО го прогласи градот Газни за центар на исламската цивилизација

Авганистански град Газни, 125 километри јужно од престолнината Кабул, главниот град на истоимената централна провинција во саботата од страна на УНЕСКО е прогласен за центар на исламската цивилизација, јави агенцијата Pajhwok која извести за одржувањето на церемонијата на прогласувањето.По прифаќањето на исламот градот Газни во централниот дел на современ Авганистан станал главен град на огромна Исламска империја, којашто ги обединувала Иран, Индија и Централна Азија. Распослана на ридот градската тврдина на Газни – Бала Хисар, станала центар на државата на тогашната династија на Султан Махмуд, и денес е главната атракција на градот. Газнивската (турска) држава со центар во Газни постоела меѓу 977 и 1186 година од нашата ера.Во Авганистан, подготовката за прогласување на Газни во центар на исламската цивилизација започна одамна. Во есента 2010 година, челникот на управата за заштита и реставрација на историски локалитети при авганистанското министерство за информации и култура Абдул Ахад Хаваси соопшти дека во градот активно се обновени десет историски споменици и оти до 2013 година ќе бидат обновени 33 други историски објекти во градот, за што владата потрошила милиони американски долари.Како што претходно пишуваа локалните медиуми, во периодот меѓу 2010 и 2012 година во Газни паднале две историски кули, а на реставрацијата на спомениците на архитектурата никој никогаш не работел, а на повеќето места биле направени само прелиминарни топографски мапи. Меѓутоа, во февруари 2013 година министерот за култура и информации на Авганистан, Саид Махдум Рахин соопшти дека завршила реставрацијата на пет споменици на културата. Меѓу обновените локалитети се џамиите Сајед Ахмад Маки, Турк Хазрат, Саид Џалал Ага, Саид Шах Ага и Баба Али.Претходно се предвидуваше дека со прогласувањето на Газни центар на исламската цивилизација и завршувањето на реставрацијата на историските споменици целиот локалитет ќе започнат да го посетуваат илјадници туристи од целиот свет. Сепак, тоа не се случи поради безбедносната ситуација во градот која е многу сложена.Авганистанската влада објави дека за реставрација на локалитетот и развивање на инфраструктурата во градот Газни ќе бидат вложени 200 милиони долари. Проектот вклучува и изградба на аеродром и музеј, патишта, хотели и паркови.На церемонијата во саботата којашто започнала со читање на Куранот, присуствувале околу две илјади лица, меѓу кои авганистанскиот потпретседател Карим Ќалили, министри за надворешни работи на неколку исламски држави, странски дипломати и парламентарци, коишто заедно со странските делегации пристигнале во петок и сабота, под досега невидени безбедносни мерки, јавува агенцијата.
МакфаксАвганистански град Газни, 125 километри јужно од престолнината Кабул, главниот град на истоимената централна провинциј

Пронајдете не на следниве мрежи: