Ураганот “Валака“ го потопи островот Ист Ајленд

Најмоќниот пацифички ураган регистриран досега, Ураганот “Валака“ потопи еден од островите на Хавајскиот Архипелаг. Според податоците на салтелитот на Службата за зачувување на рибниот и фондот на диви животни на САД, островот Ист Ајленд е целосно потопен.
Ист Ајленд е долг еден километар, а широк 120 метри. На него се наоѓала половина од загрозениот вид – зелени морски желки.
Хавајскиот Архипелаг, кој се наоѓа на северниот дел на Тихиот Океан, е составен од 24 острови. Научниците стравуваат дека поради промената на климата би можело засекогаш да исчезнат и други острови.

Пронајдете не на следниве мрежи: