Усвоила 32 годишно ” дете”

Американката Лиза и нејзиниот поранешен'' син'' решиле официјано да ја зацврстат семејната врска.
Лиза Гадболд од Сан Диего во средината на осумдесеттите години забележала едно симпатично момче во сиропиталиште во Сакраменто, и со нејзиниот сопруг и решиле да го прифатат.
“Ние веќе имавме два сина, а тогаш врските меѓу луѓето од различни раси не беа толку популарни “. Помогна тоа што малиот Морис беше од расно мешана врска, и управата од сиропиталиштето ни го даде на пробен период. Тоа беше најсреќниот период во нашите животи “, рече Лиза.
Момчето брзо се консолидирало со двата биолошки синови, па семејството функционирало прекрасно се до едно недоразбирање со агенцијата за усвојување и социјалните работници, поради што им го одземале Морис.
Морис смени повеќе згрижувачки семејства и изгубил контакт со тоа семејство. Пред шест години, се поврзал со Лиза преку социјалните мрежи, за да сфатат дека семејната врска и љубовта сеуште траат.
Лиза поведе постапка пред судот во Сакраменто и официјално го усвои “малиот”син , кој сега има 32 години.
“Тој е мојот син, и сакам целиот свет да го знае тоа”, гордо изјави таа.Американката Лиза и нејзиниот поранешен'' син'' решиле официјано да ја зацврстат семејната врска.

Пронајдете не на следниве мрежи: