Уставниот судија Гоце Наумовски поднесе оставка, неофицијално дознава Телма.
Гоце Наумовски беше избран за Уставен судија во февруари годинава по предлог на Собранието.
Наумовски е професор на катедрата по римско право на правниот факултет „Јустинијан Први“ , пред изборот беше советник на премиерот и е брат на поранешниот вицепремиер за европски прашања Васко Наумовски. Тој беше предложен за Уставен судија од владеачкото мнозинство.



