четврток, 12 ноември 2026
Најново

Уставниот суд на Бугарија го отфрли предлогот на Радев за референдум за замена на левот со еврото!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Уставниот суд на Бугарија го отфрли како недозволено барањето на претседателот Румен Радев за отфрлање на одлуката на шефицата на парламентот Наталија Киселова, со која таа одби да им дозволи на пратениците да го разгледаат неговото барање за референдум за приклучување кон еврозоната од 1 јануари 2026 година.

Ова значи со целосна сигурност дека нема да има референдум за замена на левотот со еврото како национална валута од почетокот на следната година.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Радев го објави своето барање за референдум за приклучување кон еврозоната на 9 мај, Денот на Европа, во специјално обраќање до нацијата. Една недела подоцна, тој го поднесе своето барање до парламентот, но Наталија Киселова веднаш го врати како спротивно на уставот. А една недела потоа, Радев поднесе жалба до Уставниот суд. Уставните судии го отфрлија како недозволено и барањето на Румен Радев да одлучи по прашањето дали Народното собрание е должно да одлучи по поднесено барање за референдум.

Сепак, судиите Атанас Семов, Сашо Пенов и Јанаки Стоилов имаа посебно мислење овде. И судијката Невин Фати поднесе мислење за овој дел од одлуката на Уставниот суд. Судот, исто така, го оцени како недозволено прашањето на Радев дали, во принцип, претседателот на Народното собрание има право да ги отфрли барањата за референдум откако ќе бидат поднесени од шефот на државата.

Поврзани вести