Утре е Благовец: Никако не правете ги овие работи

Утре е празникот Благовец, кој секогаш се паѓа на истиот датум, на 7 април според новиот календар, а според стариот на 25 март.
Меѓу народот, овој празник е познат и како Благоец или Блошчојне. Се смета за тежок празник, затоа што според адетите, на овој ден не треба ништо да се работи. Најинтересен и најнеобилчен адет кој во некои села уште се применува е тој дека жените, на овој ден не треба да се чешлаат.


Исто така се верува дека оние кои сакаат да имаат деца треба да појдат во црквите и во манастирите, и да се помолат на иконите посветени на Благовештение и да се помолат.
Некаде, Благовец се смета за голем празник, еднакво голем како Велигден. Затоа постои изреката: „Благовец, прв ден Велигден“. Според народните верувања овој ден е благ, па и раната не боли, па затоа на малите деца токму на овој ден им ги дупат ушите за обетки.
Со Благовец е поврзано и доаѓањето на птиците преселници, штркот, ластовицата, кукавицата, пупунецот, славејот и др. Се верува дека тие ќе дојдат на овој ден дури и да врне снег.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.