четврток, 12 ноември 2026
Најново

Уште една жена ќе се ексхумира, поради сомнеж дека е жртва на серискиот убиец

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Се проширува истрагата за серискиот убиец од кумановско. Уште една повозрасна жена од кумановско ќе биде ексхумирана. Обвинителството не отркива од каде е потенцијалната жртва, но посочува дека станува збор за повозрасна жена.
Осомничениот 25-годишен кумановец е во кумановскиот затвор и за кратко време се очекува тој да биде подложен на психијатриско вештачење.
Случајот се отвори по убиството на 78-годишната жена од кумановско по што Обвинителството нареди ексхумација и на 40-годишна жена за која обдукцијата покажа дека починала од насилна смрт.

Поврзани вести