Фановите на Тоше бараат новата Универзална да го носи неговото име

Фановите на прерано починатата македонска и балканска ѕвезда Тоше Проески поднесоа во четвртокот иницијатива до Советот на Град Скопје, во којашто бараат реновираната универзална сала да го носи името Тодор Тоше Проески.Оваа иницијатива се родила уште откако градските власти на Скопје ја најавија изградба на новиот културно- забавен центар на местото на легендарната Универзална сала, велат од здружението Почитувачи на ликот и делото на Тоше Проески.„Името и делото на Тодор Тоше Проески ги “урнаа“ граници ширум Балканот и Европа и оставија незаборавен белег за гордоста на нашата држава. Сите ние сме сведоци за многубројните хуманитарни акции,спасени детски животи, донации за болници, спортски сали, училишта и хуманитарни концерти од кои најголемиот дел беа одржани токму во таа Универзална сала“, се вели во писмото од фановите на Проески до Советот на Град Скопје.Нагласуваат дека не се заборавени рекордната посетеност на неговите концерти во Универзална сала, односно оти тој е единствениот кој успеа да ја наполни пет пати по ред за само една седмица.„За неговите успеси во музиката и хуманоста не е доволен еден лист хартија за да се прераскаже се она кое недостасува во ова тешко време, а тој го работеше со љубов и леснотија за да ги насочи младите на прав пат спомнувајќи на секој концерт дека успехот на земјата зависи од младите, дека хуманоста Бог ја наградува со благослов кон народот и државата. Ние како почитувачи на ликот и делото на Тоше Проески би додале дека никогаш не сме заборавиле на останатите великани на музиката – уметноста, Македонски легенди кои исто така заслужуваат достојно спомен обележје, но како луѓе кои живееле и растеле со музиката и делата на Тоше никогаш нема да се откажеме од нашата иницијатива“, се додава во дописот до скопските власти.Кон средината на март министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска најави дека  со одлука на Владата ќе се гради нова Универзална сала на местото каде што се наоѓа стариот објект со капацитет од 2.500 до 3.000 седишта односно речиси двојно од досегашниот. Објасни дека бројните анализи и испитувања од страна на Градежниот факултет укажале дека стариот објект не е  погоден за реконструкција. Дополнително, реконструкцијата би подразбирало задржување на истиот капацитет од околу 1.500 седишта, а не би се решил ни проблемот со паркинг просторот и администрација на Универзалната сала.Владата за реконструкцијата на стариот објект предвидела средства во висина од околу 11 милиони евра, додека за изградбата на новиот објект се проценува дека ќе бидат потребни 25 до 30 проценти повеќе средства.Актуелниот и кандидат за градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски изрази задоволство и благодарност до Владата и министерството за култура за помошта при изградбата на овој нов објект, бидејќи истиот е еден од најзначајните културни центри во Скопје. „Овој објект веќе не може да ги задоволи потребите на Градот Скопје за манифестациите коишто се планираат во него, така да со изградбата на новиот објект ќе добиеме Универзална сала која ќе може да одговори на потребите на граѓаните“, рече тогаш Трајановски.Останува сега реакцијата на скопските советници, коишто имајќи ја предвид трагата што ја остави Проески во македонската музика, култура и општество недвојбено е аргумент да биде сослушана и прифатена желбата на фановите на Тоше, веруваме и на сите жители на главниот град и земјата.
МакфаксФановите на прерано починатата македонска и балканска ѕвезда Тоше Проески поднесоа во четвртокот иницијатива до

Пронајдете не на следниве мрежи: