Фантастик пилешко во сос од шампињони

800 г пилешки гради
500 г свежи шампињони
50 мл бело вино
50 мл пилешки бујон
100 г брашно
сечкан магдонос
50 г путер
1 лажица маслиново масло
сол и мелен црн пипер
Пилешките гради исечете го на половина по должина и зачинете ги. Откако месото ќе ги впие зачините секое парче набрашнете го од двете страни. Пржете ги парчињата пилешко во загреана мешавина од путер и масло во тава на оган додека заруменат. Извадете го месото од тавата, ставете го на чинија и со алуминиумска фолија.
На преостанатата мрснотија пржете ги шампињоните додека омекнат. Додадете ги виното и бујонот, кратко издинстајте и зачинете. Потоа во тавата вратете ги парчињата пилешко заедно со сокот кој го испуштиле. Откако месото ќе го впие вкусот на сосот вмешајте го магдоносот и сервирајте.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.