Фантастична торта од која ќе побарате парче репете

Доколку сте од оние кои преферираат лесни и брзи рецепти без премногу состојки и комплицирани чекори за подготвување, тогаш ќе ја обожавате оваа торта. Она што е најдобро кај оваа торта – се прави без печење.
Направете ја уште денес и израдувајте ги домашните или пак викнете го друштвото на десерт.
Потребни состојки:
500 g крем-сирење
250 g мелена плазма
400 g чоколаден крем со лешници
100 g путер
100 g лешници (за декорација)
Начин на подготовка:


1. На пареа растопете го путерот и додадете 1 лажица крем. Со оваа смеса прелијте ја плазмата, добро измешајте и оставете ја смесата во фрижидер.
2. Остатокот од кремот помешајте го со крем сирењето со помош на миксер. И оваа смеса треба да ја оставите да отстои во фрижидерот.
3. По околу еден час, извадете ја првата смеса со плазмата. Со помош на чаша натапкајте ја добро во кружен калап за торта (кој претходно може го обложите на дното со хартија за печење).
4. Врз оваа смеса истурете ја чоколадната, подготвена од крем-сирење и чоколадниот крем. Добро распоредете го кремот и вратете ја тортата во фрижидерот да се стегне неколку часа.
5. Откако ќе ја извадите декорирајте ја со крупно исечкани лешници и послужете.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.