Синоќа околу 21 часот на булеварот „Крсте Петков Мисирков“ во Скопје прободено е 12-годишно дете. Нападот го извршиле тројца малолетници на возраст од околу 15 години. Еден од напаѓачите на детето му нанел убодна рана во пределот на ногата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



