Филмски грабеж во Тирана: Украдени 1,5 милиони евра и ликвидиран еден од разбојниците

Доцна попладнево во близина на Меѓународниот аеродром во Тирана ограбено е блиндирано возило кое транспортирало пари на банка од Тирана.
Според првичните информации украдени се 1,5 милиони евра.
Во грабежот учествувале повеќе маскирани и вооружени лица кои прво со ПП апарат го скршиле предното стакло на возилото.


Веднаш во потрага се вклучиле припадниците на единицата за брза интервенција РЕНЕА.
Недалеку од аеродромот, во спореден пат разбојниците биле забележани по што отвориле оган кон полицијата. Во меѓусебната престрелка ликвидиран е еден од разбојниците.
Останатите разбојници успеале да ѝ избегаат на полицијата.
Во потрагата се вклучени и дополнителни полициски сили од Драч, Лежа, Пешкопеја, припадниците на специјалната единица „Ренеа”, како и еден хеликоптер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.