Финалистите на Ф4 во АБА лигата ќе играат во Евролигата

Претседателот на АБА лига, Радован Лорбек, одговорил на барањето на кошаркарските клубови Партизан и Црвена звезда да го ’протолкува’ договорот од Луксембург, според него од Јадранската лига во Евролигата следната сезона ќе настапуваат екипите кои ќе играат во финалето на завршниот турнир.„Со оглед на тоа дека е извесно, дека Игокеа ќе ја освои првата позиција на табелата во регуларниот дел од првенството и дека нивната сала која е пријавена за сезоната 2012/2013 не ги исполнила минималните услови за добивање на Б лиценца по „Euroleague Bylows“ за пласман во Европлига ќе се примени точката 3, став Б, од актуелниот договор. Директен пласман во Евролигата во сезоната 2013/2014 ќе обезбеди шампионот во АБА лигата (екипа која ќе победи на завршниот турнир) и финалистот на завршниот турнир“, стои во дел од одговорот на Лорбек, кој на својата интернет страница го објави Б92.
МакфаксПретседателот на АБА лига, Радован Лорбек, одговорил на барањето на кошаркарските клубови Партизан и Црвена звезда да

Пронајдете не на следниве мрежи: