Финска гради ограда на границата со Русија

ХЕЛСИНКИ – Финската гранична стража предлага да се огради дел од границата со Русија за да се спречи нелегален влез во земјата, пренесува Интерфакс.

„Извештајот на финската гранична стража укажува дека 10 до 20 отсто од границата долга 1.300 километри треба да биде оградена. Тоа би значело околу 130 до 260 километри. Оградата треба да трае 50 години“, објави финскиот весник „Иле“, пренесува Танјуг.

Се проценува дека оградата ќе чини неколку стотици милиони евра.

Мати Питканити, шеф на одделот за меѓународна соработка на Граничната стража, претходно изјави дека агенцијата веќе започнала со дизајнирање на оградата.

„Тоа нема да биде само ограда, туку ќе има и систем за техничка контрола“, рече тој за време на летната дебата за пристапот на Финска во НАТО.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.