Фицо: Не сакам да бидам дел од Европа која поддржува убиства на Руси и Украинци

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека не сака да биде дел од Европа која, како што изјави, ги поддржува убиствата на Руси и Украинци

„Ако животот на еден Русин или Украинец не е ништо за Западна Европа, тогаш јас не сакам да бидам дел од таква Западна Европа“, рече Фицо, сумирајќи го разговорот со претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста.

Фицо во четврток објави дека испратил писмо до претседателот на Европскиот совет во кое ги наведува ставовите што ќе ги презентира на самитот на Европската унија, закажан за 18 и 19 декември во Брисел.

Според него, Словачка нема да ги поддржи иницијативите насочени кон финансирање на воените трошоци на Украина доколку тоа би вклучувало учество на Братислава.

Пронајдете не на следниве мрежи: