На крајот на минатата и почетокот на оваа година, 2 возила во сопственост на Амбасадата на Бугарија, марка BMW 5, биле оштетени, поради што била пријавена штета во осигурителна компанија, која направила пресметка и изршила исплата, која за вториот случај изнесувала 15 илјади евра, од причина што била потребна замена или поправка на дури 41 дел од автомобилот со дипломатски таблички, објави „Фокус“.
Според нивните информации, таквиот епилог бил резултат на сообраќајна незгода во центарот во Скопје, која не била пријавена во МВР веројатно бидејќи не станува судар меѓу возила, туку за удар во статичен објект. Се обративме до Амбасадата, но досега не добивме одговор дали амбасадорот Жељаско Радуков го управувал возилото.
…….
Со оглед дека очевидци кои биле сведоци на сообраќаен инцидент во кој било вклучено второто дипломатско возило, тврдат дека се работи за сообраќајна незгода што се случила во центарот на Скопје, при што возилото удрило во статичен објект-бандера (веројатно бидејќи не е судар меѓу возила случајот не е пријавен во полиција), се обративме до Амбасадата на Бугарија во земјава.
……
прашавме кога точно се случиле овие сообраќајни инциденти, во какви околности и поради кои причини настанале тие? Исто така, не интересираше и кој управувал со двете возила, односно дали со нив управувал амбасадорот Жељаско Радуков?
На крајот, побаравме коментар и за видеата што неодамна се појавија на социјалните мрежи од приватен настан, каде е присутен и амбасадорот Радуков, кој пее песни, а на масата може да се забележи и алкохол. Конкретно, побаравме коментар во однос на нивната содржина и на мотивите на оној што ги направил и дистрибуирал.
Досега, не добивме одговори на ниту едно од овие прашања, вклучително и на прашањето дали во рамки на бугарското МНР била отворена одредена постапка во контекст на видеата со амбасадорот во Македонија, од аспект дали можеби е прекршен Етичкиот кодекс за однесување на дипломатите?
Повеќе
The post Фокус: Возила на бугарската амбасада оштетени во сообраќајни незгоди, дали амбасадорот Радуков бил зад воланот? appeared first on Provereno.
Пронајдете не на следниве мрежи:



