Пари има. Банките во текот на вчерашниот ден ја започнаа исплатата на пензиите за ноември и до понеделник, први декември, се очекува таа да заврши, соопшти денеска Фондот на пензиското и инвалидското осигурување (ПИОМ).
Фондот ја уверува јавноста дека исплатата на пензиите е стабилна, редовна и загарантирана, отфрлајќи ги шпекулациите за наводни ризици во пензискиот систем. Како што се наведува во соопштението, Фондот во координација со Владата продолжува со редовната исплата секој први во месецот и дека оваа практика ќе продолжи и во 2026 година.


