Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен е децидна дека работите во Унијата се менуваат на подобро и вели дека она што гледа сега е вистинска динамика во процесот за проширување.
- Ако сте родени на овој ден, носите посебна одговорност – Важен ден за сите православни христијани: Ако го направите ова на Крстовден, се верува дека ќе имате несреќа цела година
- Зошто Русија ја испраќа раката на Дмитриј Донски на фронтот во Украина: „Злоупотреба на христијанството и цинична пресметка“
- Маѓар: Неприфатливо е никој да не биде одговорен за најсомнителните афери и злосторства во Унгарија
- Променливо облачно време со сончеви периоди
- Три лица повредени во сообраќајна несреќа на патот Подмоље-Струга
- Голем пожар зафати автоотпад во Тетово, се испитува загаденоста на воздухот
- Мицкоски: Ние ги презентираме нашите аргументи, во време на СДСМ имало само коленичење и виткање кичма
- Мицкоски: На Македонија ѝ треба силна опозиција, алтернативата го потцени и навреди народот
- Ивановски: Филипче и неговата група станаа фракција во СДСМ
-Сакаме Западен Балкан да се приклучи – и вие и ние треба да се подготвиме. Започна дискусија во ЕУ околу ова. Ова не беше случај во минатиот мандат. Нешто значително се промени и работите се конкретни. Затоа мојата молба во земјите од регионот е дека ова е отворен прозорец со можности. Процесот не е толку строг и се заснова на заслуги. Никој не мора да чека одреден датум, можете да бидете и побрзи. Колку е подобар процесот на реформи, толку побрзо ќе дојде можноста за пристапување. Ајде заедно да го искористиме моментот, побара Фон дер Лајен на денешната прес-конференција во Владата.
Околу уставните измени, шефицата на ЕК истакна дека изборот е наш.
-Затоа се надевам дека сите страни и партии ќе го искористат моментот и ќе ги поддржат уставните измени. Сите партии имаат одговорност на иднината на Македонија. Се надевам дека движењето напред ќе биде поддржано од широко мнозинство, посочи Фон дер Лајен.
Пронајдете не на следниве мрежи:



