Викендов, со вежба за цивилна заштита и спасување во Битолско, беше работно одбележан Светскиот ден на цивилна заштита 1 март, како што посочи директорот на ДЗС Стојанче Ангелов, Ден што е посветен на луѓето, без разлика дали се од институциите или од доброволните друштва, коишто секогаш се во служба на безбедноста и заштитата на граѓаните при природни непогоди, несреќи, кризни состојби и други опасности.
Конкретно, по повод Светскиот ден на цивилна заштита 1 март, во соработка на Дирекција за заштита и спасување (ДЗС) и Доброволно противпожарно друштво (ДПД) „Архангел“ од Битола, беше реализира дводневна вежба (сабота 28.02 и недела 01.03.2026 г.) во градот Битола и кај манастирот „Св. Ѓорѓи“, с. Велушина, Битолско (во предел кон границата со Грција).





Првиот ден се реализираше презентација на улогата на ДПД во системот за заштита и спасување со разменување теортетски и практични искуства и добри искуствени практики. Вториот ден, при показната вежба – симулација на настан „Гаснење пожар на отворен простор“ се примени јасна командно-контролна структура (ICS), со однапред утврдени улоги и одговорности во насока на јакнење на меѓуинституционалната соработка и со доброволните друштва.



