„Фотогенично“ кафе со сладолед – Како да направите affogato?

Кафето за многумина е омилениот утрински ритуал. Но, кога ќе посакате да направите мала промена на вкусот, подгответе ладна верзија во која ќе додадете сладолед.
Популарното affogato е италијански десерт пијалак, совршен спој од горко кафе и сладок сладолед.
Подготовката е брза и лесна, а ви требаат само 3 состојки:
1 шолја кафе какво што го пиете секогаш
2 мали пуслици или крцкави кекси
2 топки сладолед од ванила
Направете си стандардно еспресо или инстант кафе, важно е само да не ставате млеко или да не варите кафе со талог.
Со голема лажица за сладолед извадете две топки и ставете ги во ниска или висока стаклена чаша.
Прелијте го кафето преку сладоледот, а најгоре додадете ги искршените пуслици или кекси.
Affogato кафето нема потреба да го засладувате.
Но, затоа треба добро да го исликате:

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.