Семејството и пријателите наводно една година криеле дека тој имал мозочен удар, но таквата информација на крајот се дозна.
Филмската и театарска легенда Тим Кари, ѕвезда на серијалот „The Rocky Horror Picture Show“ и „It“, се смета за еден од најголемите актери во историјата. Неговиот талент и работна етика обезбедија актерот, кој е роден на 19 април 1946 година во Велика Британија, со децении да остане конкурентен во шоу-бизнисот.
Меѓутоа, пред 10 години се случи трагедија која го промени животот на Кари. Тој доживеа мозочен удар, кој за среќа го преживеа, но остави последици по неговото здравје.
Неодамна, Тим го прослави својот 77-ми роденден во својот дом во Лос Анџелес, каде живее мирен живот, далеку од светлото на рефлекторите. Тој е „прикован“ за инвалидска количка до крајот на животот и сè уште посетува физикална и говорна терапија.
Семејството и пријателите наводно една година криеле дека Кари доживеал мозочен удар, но таквата информација на крајот се дозна.
Иако повеќе не глуми, тој повремено се појавува во јавноста за да прослави годишнини или да гостува во видео-повици со фановите.