Блиц средба на Мицкоски и Филипче

На свечената божиќна литургија во Соборниот храм „Св Климент Охридски“ во Скопје присутвуваа голем број граѓани, меѓу кои и високи државни претставници.

Утрово, меѓу присутните беа и премиерот Христијан Мицкоски и лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче.

Иако политички ривали, Мицкоски и Филипче, во духот на големиот христијански празник си подадоа рака, меѓусебно честитајќи го Божиќ.

По завршувањето на литургијата и двајцата кон јавноста испратија честитки и политички пораки.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.