6 години по неговата смрт, Валери, која била одгледана од баба и и дедо и, открила дека нејзиниот сопруг всушност и бил татко.
Во 2004 година, 6 години откако сопругот и починал, роднина и открил на Валери дека сопругот бил всушност нејзиниот татко! Тоа таа го потврдила со ДНК тест.
Оваа неверојатна приказна доаѓа од Охајо. 60 годишната Валери решила да открие се пред јавноста, за да им даде надеж на луѓето кои имаат тежок живот.
– Ако јас го поминав ова со Божја помош, секој може да помине се – вели таа.
Валери навистина имала живот полн со мистерија. Наводно, нејзините родители се запознале кога имале по 15 години. Валери има повеќе браќа и сестри но не ги познава – сите ги исчувал некој друг. Таа живеела со баба и и дедо и.
На 9 години дознала дека дедо и не и е татко, како што мислела, а дури подоцна дознала дека Кристин која се претставувала како пријателка на семејството е всушност нејзината мајка.
– Јас морам да ја кажам мојата приказна бидејќи децата треба да знаат од каде доаѓаат – вели 60 годишната Валери.Кристин починала 1984 година. Била „ноќна дама“ вели Валери.
Дали нејзиниот татко, кога и станал сопруг, знаел дека му е ќерка?
Валери вели: Не сум сигурна но мислам дека знаел но се плашел да ми каже!!!
Таа се уште посетува психијатар кој и е неопходен од моментот кога донала дека била мажена со својот татко – пишуват медиумите во САД.
извор: mkd-news.mk6 години по неговата смрт, Валери, која била одгледана од баба и и дедо и, открила дека нејзиниот сопруг всушност и бил татко.