Италијанските карабинери објавија информации за херојскиот потфат на еден од членовите на оваа единица кога не бил на должност, а тој доби пофалби и од премиерката на Италија, Џорџија Мелони.
Имено, карабинерите објавија фотографија на својата официјална веб-страница на која се гледа мост и лице кое било на пат да изврши самоубиство.
Во тој момент, карабинер во цивилна облека возел автомобил низ ова подрачје и решил да реагира.
„Зад оградата имаше жена која беше подготвена да скокне. Карабинерот ѝ се приближи и храбро се искачи на оградата. Разговараше со неа, по што таа го прегрна. Прегратка што има вкус на човечност и чувство на должност надвор од униформата ѝ го спаси животот“, напишаа карабинерите.
Многу граѓани реагираа многу брзо на оваа објава, како и премиерката на Италија, Џорџија Мелони, која ја сподели фотографијата на социјалните мрежи со кратката порака „Херој“.



