Вчера, во Болницата Плодност, е родена тројка – две братчиња и сестричка.
Со голема храброст и љубов, мајката на свет донесе три мали ангели, на ден кој симболизира љубов, семејство и заедништво. Таа е во одлична здравствена состојба, пресреќна и благодарна што на свет донесе ваков благослов.
Со методите на асистирана хумана репродукција (АРТ), пациентката имаше успешно изведена инсеминација – која помогна во остварувањето на овој прекрасен момент. – објавија од болницата Плодност
„Со методите на хумана асистирана репродукција го зголемуваме наталитетот,“ вели прим. д-р Таше Трпчевски.
Вчера бевме сведоци на едно од најубавите чуда што медицината и животот можат да ги подарaт.