(Фото) УШТЕ ЕДЕН ТОН МАРИХУАНА ЗАПЛЕНЕТ ВО ФИРМА ВО ВАЛАНДОВО!

Уште еден тон дрога денес е запленет од компанија во Јосифово, дознава Инфомакс од сопствени извори. Се работи за компанија на која денеска ѝ беше одземена лиценцата за марихуана поради констатиран кусок на сув цвет и несоодветно пакување на сувиот цвет во сеф-соба.

Се работи за компанијата Грин Лајф од Валандово. Сопственик е Александар Мијајловиќ, кој е главниот осомничен како организатор на групата која шверцувала 5 тони марихуана во Србија.

Компанијата добила лиценца во април 2019 година.

Владата тогаш ги додели лиценците на следните:

Фармароли во Скопје, Каба Хербал во Кочани, Оаза алкалоиди во Карбинци, Медицал 420 во Битола, 5 летерс во Ресен, Мам во Свети Николе, АЦПВ во Гостивар, Фарма Медика Канабис во Валандово, Ф&M 2017 во Гостивар, Греен лифе во Валандово, Канабис про во Струмица, Т.Х.Ц. Куалити гроуп во Росоман, Хелтх медикал солутионс во Гевгелија, Бул-Билдинг во Струмица и РСБ солутионс во Карбинци.

Компаниите на кои денес им беше одземена лиценцата се следните:


Alphafarm поради констатиран кусок на сув цвет,необезбедено физичко обезбедување и видеонадзор


Green Life поради констатиран кусок на сув цвет и несоодветно пакување на сувиот цвет во сеф-соба.


CBD Medplant поради кусок на сув цвет во сеф-соба и недоставување целосна документација до Комисијата за купопродажба (доставено е само известување за транспорт).


Life Plant поради недостиг на видео надзор во внатрешните простории, необезбедено физичко обезбедување согласно законските услови и недоставување документација за купопродажба на сув цвет.


Ata Farm поради непостоење соодветен стручен кадар и необезбедено физичко обезбедување и видеонадзор.


Kanabinoids поради неисполнување на законските услови, недостиг на кадар, обезбедување и видеонадзор, како и констатирани несоодветни активности во дворот на правното лице (продажба на возила).

    Пронајдете не на следниве мрежи: