Французинките се пример за мода, а овие парчиња облека никогаш нема да ги облечат

Французинките се жени со стил на кои сè им оди од рака и без да вложат голем напор тие изгледаат шик и модерно. Сепак, и тие користат некои мали тајни и трикови кои може да ги забележи секоја жена.
Сè што треба да направите е да следите неколку едноставни правила и да гледате како Вашиот стил и одраз во огледало се менува.
Прескокнете шаблони и носете безвременски принтови
Ретко ќе забележите Французинка која носи нови шари кои само што излегле од модната писта. Тие се препознатливи и обично после завршувањето на сезоната тие шари остаруваат. Наместо тоа одлучете се за легендарен леопардски принт.


Избегнувајте впечатливи бои и носете неутрални
Нека Вашиот гардеробер изобилува со парчиња облека во црна, темно сина и бела боја, нијанси кои поголемиот дел од Французинките ги носат.
Неудобните чевли заменете ги со ниска штила и чизма до глуждот
Париз е град во кој се шета, па удобните чевли се многу важни. Тешко ќе наидете на некој кој во штикли го шета градот. Наместо тоа поголемиот дел од жените носат ниски чевли или чизми до глуждот.
Искинатите фармерки отстранете ги од гардероберот и заменете ги со некој добар крој
Држете се до кроени панаталони со рамни ногавици кои немаат ниту еден искинат детаљ на себе. Винтиџ фармерките се апсолутно неопходни за секоја шик девојка.


Премногу дотерани наспроти опуштен стил
Французинките се вистински мајстори за носење на ист аутфит во текот на денот и ноќта. Нивната тајна е во комбинирање на различни детали.
Наместо нови работи купувајте винтиџ парчиња
Доколку ги следите новите трендови, погледнете што има и во продавниците за винтиџ парчиња облека и аксесоари. Тука за помалку пари можете да најдете интересна квалитетна и брендирана облека.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.