Француски колач со цреши

Потребни состојки:
300 г цреши
3 јајца
300 мл млеко
60 г шеќер
60 г брашно
1 лажичка путер
Прстофат сол
Шеќер во прав


Начин на подготовка:
Со миксер изматете ги јајцата со шеќер и сол. Додајте брашно, а потоа млеко и промешајте. Оставете ја смесата да отстои околу 20 минути.
Измијте ги црешите и исчистете ги. Тавата за печење премачкајте ја со путер. Ставете ги црешите на дното и прелијте ги со смесата.
Ставете да се пече на 180 степени.
Печете околу 40-50 минути или додека да добие златеста боја. Наросете го колачот со шеќер во прав.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.