ФСБ: Откривме кој го нападна мостот на Крим

ФСБ соопшти дека неколку лица се приведени во врска со нападот.

ФСБ: Откривме кој го нападна мостот на Крим

Руската ФСБ објави соопштение во кое се наведува дека „Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина стои зад нападот на мостот на Крим“.

– Приведени се и пет државјани на Русија, тројца државјани на Украина и Ерменија – стои во соопштението на ФСБ.

– Утврдено е дека организатор на терористичкиот напад на мостот на Крим бил Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина, нејзиниот началник Кирил Буданов, вработени и агенти – се вели во соопштението.

Да потсетиме, по експлозијата на мостот на Крим, рускиот претседател Владимир Путин ја обвини Украина за тероризам, а утринава руските сили извршија серија ракетни напади врз Киев и други украински градови.

Нападот се случил на 8 октомври, кога на мостот експлодирал камион, при што биле запалени седум цистерни со гориво во воз што минувал во тој момент.

Од експлозијата на камионот се урнати два патни делници од мостот на Крим, додека навигациските сводови не претрпеле никаква штета.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.