ФУРКАН ОБЈАВИ СНИМКИ ОД ГРАБНУВАЧИТЕ ВО ЦИТРОЕНОТ ДОДЕКА ОДАТ КОН БРАЗДА

Новинарот Фуркан Салиу, објави видео снимка, на која вели дека снимени се грабнувачите на Вања, додека патуваат кон селото Бразда, каде девојчето е убиено, а возилото запалено.

Како што вели тој во видеото, во 7 часот и 55 минути утрината, двете возила Рено кангу и Цитроен, поминуваат низ улицата број 1 во Визбегово.

Седум начини да му се извините на партнерот за да покажете дека навистина ви е жал
Жалам понекогаш е тешко да се каже, а не е само „извини“. Извинувањето е начин да покажеме дека навистина се грижиме и сакаме да ги исправиме работите.И покрај најдобрите намери, се случуваат грешки …
Бенјамин Нетанјаху доби гаранции од Варшава: Нема да биде уапсен ако дојде на комеморација на холокаустот
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху доби гаранција од полскиот премиер Доналд Туск дека нема да биде уапсен доколку дојде на годишнината од ослободувањето на концентрациониот логор Аушвиц.Нетанјаху претходно одлучи да не оди во Полска …

„Анализирајќи ги снимките, се забележува дека во возилото Цитроен, каде што се сомничи дека била Вања, освен шоферот има уште еден човек на совозачкото место. Двајцата носат црни капи. Задниот дел на возилото е празен. Друг битен детал забележавме во багажникот на возилото. Бел објект кој што наликува на вреќа“ вели тој.

Како што вели Салиу, населбата Визбегово се поврзува со селото Бразда каде што и беше пронајдено телото на Вања Ѓорчевска.

„ Во 9 часот и 37 минути, по еден час возилото е запалено. Чадот доаѓа од истиот правец каде што е најдено опожареното возило, кое што не е далеку од локацијата каде што е пронајдено телото “ вели во видеото тој.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.