Ерлинг Браут Халанд го запиша четвртиот хет-трик во англиската Премиерлига за само 19 меча откако летоска потпиша за Манчестер сити, па постави нов премиерлигашки рекорд зашто ниту еден фудбалер во историјата толку брзо не сошол до четири хет-трика, откако сам го победи Вулверхемптон за нов триумф на „граѓаните“ со 3-0.
Халанд пет минути пред полувремето на асистенција на Кевин Де Брајне ја отвори сметката, а потоа за пет минути во воведните девет од вториот дел додаде уште два, прво во 49-та од пенал за втор погодок, па во 54-та на асистенција на Ријад Марез за да го комплетира хет-трикот и за една полусезона тој веќе има повеќе хет-трикови од комплетната премиерлигашка кариера на еден Кристјано Роналдо.