недела, 15 ноември 2026
Најново

Хамас ослободи уште двајца израелски заложници во Кан Јунис

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Палестинската милитантна група Хамас му предаде двајца израелски заложници на Црвениот крст во Кан Јунис, Газа, а третиот се очекува да биде ослободен подоцна во текот на денот на друга локација.

Израелската армија соопшти дека добила информација од Црвениот крст дека Хамас им ги предал заложниците Јарден Бибас и Офер Калдерон.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Тајмс од Израел “ пренесе дека Црвениот крст сега заложниците треба да ги донесе кај припадниците на ИДФ и силите на Шин Бет во Појасот Газа и потоа двајцата да бидат спроведени надвор од палестинската енклава.

Претставник на израелската безбедност денеска за израелските медиуми изјави дека ослободувањето на тројцата израелски заложници се очекува да започне во 8:30 часот по локално време.

Тројцата заложници кои Ханас ќе ги ослободи се Офер Калдерон (54), Кит Сигел (65) и Јарден Бибас (35), пишува „Тајмс оф Израел“.

Поврзани вести