ХАОС ВО БЕЛГРАД: Откако Вучиќ најави враќање на полицискиот час граѓаните подготвени буквално да го „запалат“ собранието

Српската полиција ги растргна демонстрантите од пред Парламентот, но сѐ уште се слушаат шок бомби.
Припадниците на српските безбедносни сили ги растргнаа демонстрантите од пред зградата на Парламентот. Тие во формација ја штитат зградата, но фрлаат солзавец и шок бомби кон демонстрантите.
Тие бараат од полицајците да ги фрлат заштитните шлемови и да им се придружат на протестот. По неколку фрлени шок бомби помала група демонстранти се врати кај полициските службеници за да им дадат аплауз.
Пред зградата на Парламентот пред малку избувна и пожар, а безбедносните сили ги растргнуваат демонстрантите.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.