Хармоника тиквички

4 средни тиквички
300 г крем сирење
200 г шунка
200 г кашкавал
100 г моцарела
1 чили пиперче
неколку листа босилек
масло
сол и мелен црн пипер
Исечкајте ги тиквичките по ширина, внимавајќи да не ги пресечете сосема, за да добиете форма на хармоника. Шунката исечкајте ја на ленти. Ставете по една до две ленти помеѓу секој засек на тиквичките и притиснете ги лентите за да навлезат во тиквичката. Наредете ги во сад за печење, намрсен со масло. Печете 10-тина минути на 200 степени.
Во длабок сад измешајте ги крем сирењето, изренданата моцарела, ситно исечканата чили пиперка и босилекот. Посолете и наросете црн пипер по вкус. Наполнете ги тиквичките со смесата, изрендајте кашкавал и печете уште 10-минути, или додека кашкавалот и сирењето се растопат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.