Хибернациска диета: Зошто е добро да изедете лажичка мед пред спиење?

Невозможното слабеење и проблемите со сонот се често тесно поврзани проблеми, а до нивно решавање е тешко да се стигне. Но, не и невозможно.
Клучната цел на оваа хибернациска диета е токму тоа – да се решат овие два проблеми, а постои само едно правило – пред пиење да земете една до две лажички природен мед. Медот може да го консумирате директно или да го разредите во млака вода.
Диетата е дело на Мајк МекИнес, кој вели дека оваа вечерна навика поволно делува за полесно слабеење и подобар сон.


Хибернациската диета делува така што обновувачките механизми на телото се случуваат во текот на ноќта, а медот ги забрзува метаболичките процеси како согорување на маснотии, има благотворно дејство врз хормонот за стрес, па со тоа ни помага телото да постигне една смирена состојба.
Поставете си ги следниве неколку прашања за да утврдите дали оваа диета е за вас:
Дали редовно се будите во текот на ноќта?
Дали навечер се потите додека спиете?
Дали се будите со потреба за во тоалет?
Дали чувствувате мачнини штом се разбудите?
Дали се будите исцрпени и изморени?
Дали грлото ви е суво наутро?
Имате ли грчеви во текот на ноќта?
Чувствувате ли слабост рано наутро?
Ако на барем две прашања одговоривте со „да,“ време е да ја пробате оваа диета, односно ова едноставно правило навечер пред спиење.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.