четврток, 12 ноември 2026
Најново

Химната нема да се менува, АСНОМ ќе остане во преамбулата на Уставот, тврди Бошњаковски

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

АСНОМ останува во преамбулата на Уставот, и наместо еднаш ќе биде спомнат двапати. Останува Прогласот на АСНОМ со сите донесени одлуки, рече денес на прес-конференција владиниот портпарол Миле Бошњаковски, оценувајќи ги како неточни информациите што се шират по социјалните мрежи.
Одговарајќи на новинарски прашања, Бошњаковски нагласи дека во однос на амандманот 35, измените кои ќе бидат направени во член 3 се гаранција дека границите на Република Македонија се трајни и непроменливи. Тој потенцираше дека по ниеден основ нема да се чепка државната химна, ниту ќе се вршат интервенции во нејзиниот текст.

Поврзани вести