Хирург открива што е најлошото нешто што можете да му го направите на вашето тело

Кардиоторакален хирург предупреди за една од најчестите навики што може сериозно да му наштети на вашето здравје на долг рок, нагласувајќи дека тоа е најлошото нешто што можете да му го направите на вашето тело. Во денешно време, кога социјалните медиуми се преплавени со здравствени совети, екстремни диети и нови трендови како инјекции за слабеење, докторот нагласува дека една навика може да го поништи целиот труд вложен во поздрав живот.

Хирург: Пушењето е најлошото нешто што можете да му го направите на вашето тело

Д-р Џереми Лондон, кардиоторакален хирург со над 378.000 претплатници на YouTube, објасни дека пушењето е веројатно најштетната навика за човечкото тело. Иако чаша црвено вино, на пример, може да има некои придобивки поради неговите антиоксиданси, пушењето нема позитивен здравствен аспект.

„Постојат три главни фактори на ризик за смртност од сите причини што можат да се спречат: пушење, лоша исхрана и висок крвен притисок. Да почнеме со најлошиот прекршител, а тоа е пушењето“, изјави тој.

„Без сомнение тоа е најлошото нешто што можете да му го направите на вашето тело. Ги оштетува речиси сите органи, го зголемува ризикот од срцев и мозочен удар и е одговорно за огромното мнозинство смртни случаи од рак на белите дробови“, објасни тој.

„Приближно една од пет смртни случаи е поврзана со консумирање тутун. Ако пушите, сериозно размислете за откажување. Тоа е најмоќниот чекор што можете да го преземете за вашето здравје“, рече тој.

Лошата исхрана и високиот крвен притисок се подеднакво опасни

Д-р Лондон додаде дека лошата исхрана и високиот крвен притисок исто така можат значително да го скратат животниот век.

„Исхраната со малку овошје и зеленчук, а богата со транс масти и ултра-преработена храна, придонесува за ист процент на смртни случаи како и пушењето, главно поради кардиоваскуларни заболувања“, нагласи тој.

Тој го нарече високиот крвен притисок тивок убиец кој погодува еден од двајца Американци, при што повеќето луѓе не се свесни дека го имаат проблемот.

,,Добрата вест е дека на него може во голема мера да влијаат промените во животниот стил, исхраната, управувањето со стресот и, доколку е потребно, лековите. Бидете проактивни, а не реактивни“, советува д-р Лондон.
The post Хирург открива што е најлошото нешто што можете да му го направите на вашето тело appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: