ХИТ ЗА ОВА ЛЕТО! Ќе го обожавате “tie-dye” маникирот

Од боја на лимета и јагода до боја на ананас, инфлуенсерките на убавина ширум светот ги мешаат  сезонски нијанси за ефектот за “tie-dye” на нивните нокти, а колку е популарен тоа е потврдено од фактот дека го доби и хаштагот – #tiedyenails на инстаграм.

По модната сцена, “tie-dye”  ја освои и сцената за убавина. Тоа е техника на боење, која беше измислена многу одамна, и која беше популаризирана од хипиците во доцните шеесетти години, за повторно да се врати на модата во деведесеттите години. Премотуваме до 2020 година и еве повторно, но овој пат наместо да  се облечете во дизајнерска облека, “tie-dye” ефектот ќе се најде на нашите раце!

Маникир со ваков начин на боење на ноктите е создаден за лето (затоа што со оваа боја не би се осмелиле да одиме на деловен состанок), изгледа одлично и на долги и на кратки нокти, а девојките на своите инстаграм профили ќе покажат имагинација. Овие се нашите омилени…

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.