Хит кој го полуде светот: Летен моден аксесоар

Последниот модек крик е сламен шешир кој наликува на оние кои сите го носиме додека пиеме коктел на плажа. Но, овој изум на креаторот Жакмус сепак е посебен и крие единствена приказна.
Симон Порт Жакмус (28) во 2010 година се преселил во Париз поради студиите за моден дизајн. Кога само за неколку месеци ги напушти, веројатно не ни сонувал дека осум години подоцна неговиот шешир од колекцијата “La Bomba” ќе биде најбараниот летен моден аксесоар.

BELLA LA BOMBA 🙂

A post shared by SIMON PORTE JACQUEMUS (@jacquemus) on


Овој дизајнер кој потекнува од Марсеј е познат по својата љубов кон природата, позитивниот став и уникатните дизајни. Така поради предимензионираните големини на овој сламен аксесоар веднаш подигна прашина, а модниот свет само чекаше да се појави во многубројните модни едиторијали.
Моделот Ема Розенцвиг направи венчавка и се појави во тој шешир, потоа Бела Хадид беше уловена како ужива на плажа покриена со шеширот.


Благодарејќи на несекојдневното издание, подобро кажано, големината, овој шешир е толку многу баран такашто е многу тешко да се пронајде, но дефинитивно привлекува големо внимание.Жакмус е инаку познат по своите оригинални изуми. На почетокот на оваа година тој ги воведе микро чантите по кои полуде светот, па дури и Ријана.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.