недела, 15 ноември 2026
Најново

Хорор во Хрватска: Маж ја убил сопругата со нож, делови од телото закопал во дворот

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Окружното јавно обвинителство во Осиек, по спроведена истрага, поднесе обвинение против 53-годишен хрватски државјанин за тешко убиство на неговата сопруга. Злосторството се случило минатата година во селото Тења, а обвинението е поднесено пред Окружниот суд во Осиек, пренесуваат хрватските медиуми.

Обвинението го товари 53-годишниот маж дека ја избол својата сопруга со остар предмет по целото тело, во периодот помеѓу 2 август и 2 септември лани. Тој потоа го распарчил телото и делови закопал низ дворот на нивната семејна куќа.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Обвинителството бара да му се продолжи притворот на осомничениот убиец, а како причините ги наведува опасноста од повторување на кривичното дело и фактот дека притворот е неопходен за непречено водење на постапката. Обвинителството додава дека станува збор за кривично дело за кое е пропишана долгогодишна затворска казна и кое е сторено под особено тешки околности.

Поврзани вести