Храна која е најдобро да ја јадете на празен желудник

Храна која е најдобро да ја јадете на празен желудник

Сокот од портокал, кроасанот и различен вид на тесто изгледаат многу привлечно на фотографиите за појадок, но дали овие намирници се здрави за првиот оброк кој му е потребен на организмот?
Цитрусите содржат киселини кои предизвикуваат киселина и ждригање. Лебот содржи квасец кој влијае на желудникот. Но има намирници кои имаат многу придобивки за организмот кога се јадат на празен стомак.
Топла вода со мед
Напитокот направен од топла вода и мед е најдобар пијалак за рано наутро. Медот е богат со минерали, витамини и ензими кои ги чистат цревата, а топлата вода ги исфрла токсините.
Каша
Овесната каша е здрав појадок доколку сакате оброк со малку калории, но да ве држи сити подолго време.
Јаткасти плодови
Една дланка јаткасти плодови за појадок го чуваат здравјето на цревата. Јаткастите плодови ја нормализираат pH вредноста на желудникот. Може да јадете ореви, бадеми, лешници. Бадемите се богати со манган, витамин Е, протеини, влакна, омега 3 и омега 6 масни киселини.
Лубеница
Овошјето е добра опција за појадок, но лубеницата е на врвот на листата. 90% од нејзиниот состав е водата што ја прави одлична за хидратација на телото. Содржината содржи многу малку калории. Богата е со ликопен кој го чува здравјето на срцето и очите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.