Храна која треба да се јаде во есен и зима

Се соочуваме со постуден период од годината, поради што е важно да посветиме дополнително внимание на здравјето и квалитетот на храната што ја внесуваме во организмот.
Ви носиме листа од осумте најважни намирници кои треба да ги вклучите во вашата исхрана во овој период.
Следниот пат кога ќе одите на пазар или супермаркет, не заборавајте да купите цвекло, бидејќи тоа е корисно од коренот до лисјата. Сѐ од цвеклото се јаде! Содржи нитрати кои ќе помогнат во намалување на крвниот притисок и побрзо закрепнување од тренинг или спортување. Со други зборови, консумирањето цвекло ќе помогне да се отстранат трагите од исцрпеност во телото.
Консумирајте тиква и нејзините семки редовно оваа есен. Тиквите се богати со диетални влакна и бета-каротин. Семките зачувувајте ги, потпечете ги во рерна и потоа користете ги како закуска за грицкање. Покрај тоа, можете да ги додадете во супи и салати, а преку нивното консумирање ќе внесете многу влакна, фосфор, железо и манган во вашето тело.


Колку често јадете јаболка и круши? Обидете се да стекнете навика да консумирате барем еден плод секој ден, со цел да апсорбирате доволно влакна и хранливи материи во телото и на тој начин да помогнете во здравјето на вашето варење.
За квалитетна доза на витамин Ц – консумирајте калинка. Покрај тоа што помагаат за контрола на крвниот притисок и закрепнување после тренинг, содржат и многу полифеноли и фолати.
Вклучете брокула во вашата исхрана, а доколку нивниот вкус не ви одговара, консумирајте ги во комбинација со сос по ваш избор. Брокулата содржи многу витамин К, како и фолна киселина и железо.
Редовно јадете карфиол, кој можете да го подготвите како додаток на главното јадење. Богат е со витамин Ц, го намалува холестеролот и штити од рак.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.