Хранливи и полни со витамини: Палачинките од хелда се совршен избор за појадок

Овие палачинки се различни од оние на кои сте навикнати, а главен адут им е хранливоста.
Хранливи и полни со витамини: Палачинките од хелда се совршен избор за појадок
Потребни состојки:
250 грама брашно од хелда
10 грама сол
2 јајца
600 милилитри филтрирана вода
2 лажички маслиново масло


Начин на подготовка:
Измешајте ги брашното, солта и јајцата, а потоа полека истурете ја водата за да добиете хомогена смеса. Потоа, додајте го маслиновото масло. Загрејте го тавчето за палачинки и намачкајте го со малку масло или путер. Полека турете ја смесата на дното, почекајте да започне да се одделува од страните, а потоа свртете ја да се пече и од другата страна. Продолжете додека не ја искористите целата смеса, ставете фил по вкус и уживајте.
Ако ги подготвивте палачинките претходниот ден и сакате да ги послужите топли, прво наполнете ги по желба, на пример со сирење, а потоа наредете ги на тава за да се стоплат. Некои од најдобрите комбинации се оние со шунка, сирење, јајца или печурки.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.